Повик за учество на тренинг курс во Шпанија

Повик за учество на тренинг курс во Тафира, Шпанија

 Gran Canaria

Тема: TC Mobility opportunities as dynamic and active learning. (M.O.D.A.L.)

Датум на одржување: 27.05. – 03.06.2018

Цел: Стекнување способности и знаење за изработка на проекти во клучна акција 1 од програмата Еразмус+ и имплементирање на придобивките од присуството на курсот за добро на локалната заедница и заедниците на интернационалните партнери.

Критериум за аплицирање: возраст минимум 18 години, волонтери во непрофитен сектор или младински работници. Потребни се двајца учесници, со почитување на родовата еднаквост.

Рок за аплицирање: 27.04.2018

АПЛИЦИРАЈ

Повеќе информации на следниот е-мејл: info@petka.org.mk 

Доживување за паметење

9

По повеќе од два месеци од нашето дружење за време на Младинската размена „The best birthday party“ во Нови Пудлов, Полска (02-11.02.2018), преку приказна и текст би сакале да ги споделиме впечатоците од ова незаборавно искуство кои сеуште траат и се извор на неверојатно позитивна енергија. Иако размената заврши, проектот сеуште е активен со дополнителни активности, а преку групата на социјалните мрежи сите учесници самоиницијативно продолжија да комуницираат и да си разменуваат слики и приказни од нивниот живот, зацврстувајќи ги нивните пријателства.

прочитај повеќе

Покана за учество на Младинска размена

The best birthday party

Ги покануваме сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 20 години да аплицираат за учество на Младинска размена "The best birthday party" во Нови Пудлов, Полска од 3-ти до 11-ти февруари 2018.

Размената ќе вклучи учесници од четири земји: Македонија, Полска, Италија и Турција. Целта е младите да откријат нови култури и традиции, да развиваат толеранција, разбирање, емпатија, прифаќање и интеркултурен дијалог, остварувајќи контакти и подобрувајќи го својот англиски јазик во мултикултурна средина.

Трошоците за превоз, храна и сместување се покриени од програмата Еразмус+.

Пријавете се со пополнување на следнава , најдоцна до 20.11.2017. Доколку имате прашања, ве молиме контактирајте нѐ на нашата мејл адреса: info@petka.org.mk.

Ви посакуваме успех,

Тимот на ПЕТКА

Funded by Erasmus+

Уште една Еразмус+ успешна приказна, овојпат во Стокхолм :)

Среќни сме со вас да го споделиме одличното тренинг искуство овозможено од Еразмус+ (Клучна акција 1, образование на возрасни) во Стокхолм, Шведска од 25.09. до 04.10.2017 на тема "Continuing education and e-learning". На обуката учествуваа дел од волонтерите на ПЕТКА и имаа можност да се запознаат и остварат соработка со учесници од Бугарија и Турција. Огромна благодарност до одличниот тренер Алјоша Пажин од Хрватска, организаторката Кина Димитрова од Бугарија и македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност!

hdr

прочитај повеќе

Erasmus+ days, 09-11.01.2017

Почитувани,

Во периодот од 09-11.01.2017 тимот на ПЕТКА кој посети обука во Барселона преку програмата на Erasmus+, организираше бесплатни обуки со цел да го сподели своето искуство со заинтересираните слушатели. Овие денови ги нарековме Erasmus+ days, бидејќи навистина имавме многу прашања поврзани со Erasmus+ програмата и можностите кои ги нуди. И покрај тоа што бесплатните обуки завршија, слободно контактирајте нѐ на нашата мејл адреса: info@petka.org.mk за сѐ што ве интересира во областа на Erasmus+ или обуките кои досега сме ги посетиле. Со задоволство ќе го споделиме нашето искуство со вас!

Со почит,

Тимот на ПЕТКА

Collage

 

Слушнете за нашето искуство во Барселона! (Бесплатна обука)

Почитувани пријатели на ПЕТКА,

Нашиот тим имаше нова прилика да учествува на меѓународна обука покриена од програмата Erasmus+ која се одржа во Барселона од 25.07.-01.08.2016 година на тема "Клучни способности во социјално-културната и образовната вклученост на маргинализираните групи". Во текот на обуката, тимот се стекна со исклучително важни знаења за понатамошни обуки, тренинзи и проекти, особено од дигиталната сфера (ICT). Имавме можност да запознаеме нови пријатели и идни соработници од Турција, Бугарија и Обединетото Кралство. Ова беше прекрасно доживување испреплетено со учење, дружење, прошетки и размена на знаења и искуства со интернационални пријатели.

Со задоволство би сакале ова знаење и искуство да го споделиме со вас. Поради тоа организираме обуки во три групи според следните термини:

09.01.2017  (од 09:00 до 16:00 часот)  I – група

10.01.2017  (од 09:00 до 16:00 часот)  II – група

11.01.2017  (од 09:00 до 16:00 часот)  III – група

Обуката е бесплатна. За дополнителни информации, пријавување и потврда на локација ве молиме контактирајте нé на мејл: info@petka.org.mk.

Тимот на ПЕТКА,

13876569_10154324546952988_1831427236054025307_n 13901601_10154324549207988_9022902470578745569_n 

Print

Обука за лични вештини (дополнителни групи)

Почитувани пријатели на ПЕТКА,

Поради зголемен интерес, нашиот тим повторно организира обуки за лични вештини со цел да ви го пренесе знаењето и искуството од обуката "Soft Skills" во Прага преку програмата Erasmus+.

Подолу се термините на двете дополнителни групи:

13.06.2015  

I група од 09:00 часот

II група од 13:00 часот

Обуката е бесплатна. За дополнителни информации, пријавување и потврда на локација ве молиме јавете се на 070 302 709.

Тимот на ПЕТКА,

Обука за лични вештини

Почитувани пријатели на ПЕТКА,

Нашиот тим организира обуки за лични вештини со цел да ви го пренесе знаењето и искуството од обуката "Soft Skills" во Прага.

Подолу се термините на шест групи кои се планирани во три дена и тоа:

17.01.2015  (I група од 09:00 часот, II група од 13:00 часот)

24.01.2015  (I група од 09:00 часот, II група од 13:00 часот)

31.01.2015  (I група од 09:00 часот, II група од 13:00 часот)

Обуката е бесплатна. За дополнителни информации, пријавување и потврда на локација ве молиме јавете се на 070 302 709.

Тимот на ПЕТКА,

Еразмус + обука во Прага

Maja_Erasmus+

Почитувани пријатели на ПЕТКА,

Задоволство ми е со вас да ги споделам моите впечатоци од присуството на тренингот Soft skills for educators” организиран од International Training Centre, во рамки на програмата Еразмус +.

Заедно со уште еден колега, тренер во ПЕТКА, ја имавме привилегијата да бидеме дел од интернационално европско окружување и да следиме тренинг во еден од најубавите градови во Европа, Прага. Тоа беше извонредна прилика да се научи и слушне искуство од меѓународниот тим на предавачи, професионалци во својата област, кои имаа беспрекорна комуникација со учесниците, создаваа одлична атмосфера за учење и беа вистински домаќини. Покрај регуларните тренинг активности, тие нѝ овозможија и присуство на годишниот состанок на светската компанија “Howden”, каде следевме практична примена на дел од вештините презентирани на тренингот. Во текот на двете недели мобилност од 27.10. до 07.11.2014 разменувавме искуства и знаење не само со предавачите, туку и со учесници од повеќе земји, меѓу кои Италија, Хрватска, Романија и Турција. Остваривме значајни контакти кои се основа за идна соработка и спроведување на заеднички тренинг активности и проекти.

За нас учеството на ваков тренинг истовремено претставува поттик и извор на идеи за обуки и работилници, со цел да го пренесеме добиеното знаење на сите вас кои имате желба за личен и професионален развој.

М-р Маја Петрушевска

Претседател и предавач во ПЕТКА-Скопје

ITC grupa 27-2 27-3 1

 

WIN-WIN ПРЕГОВАРАЊЕ

Pogovorka - pregovaranje

Преговарањето е процес кој свесно или несвесно секојдневно го применуваме во нашиот живот. Преговараме со семејството, колегите, шефовите, продавачите, купувачите, и тоа за цената, услугите, активностите, распоредот итн. Според тоа, преговарањето не се однесува само на адвокатите и продавачите, туку на сите нас, и тоа постојано. Тоа е процес на убедувачка комуникација кој започнува во истиот момент кога некоја од страните ќе препознае интерес, кој не може самостојно да го оствари. Преку овој процес страните се обидуваат да си помогнат едни на други за да го добијат она што го сакаат.

прочитај повеќе